Одмарате во Неум? На само осум минути возење се наоѓа плажа со кристално чиста вода

За сите оние кои одмараат во Неум, но чиј смештај е далеку од плажата – едно TikTok видео нуди решение. Имено, само осум минути возење од овој босански град, по границата со Хрватска, се наоѓа плажата Морачна со своето кристално сино море.

Плажата Морачна се наоѓа на полуостровот Клек, кој го опкружува заливот Неум. Во видеото објавено на TikTok се наведува дека има бесплатен паркинг по должината на плажата и дека оваа плажа не е премногу преполна.

„Морето е кристално чисто, лежалките се на разумно растојание“, се наведува во видеото.

@komedita8 Super varijanta za ljude koji su u Neumu smjesteni daleko od plaze jer je ovdje parking besplatan. 🩵 Predjete granicu i eto vas ☺️ #neum #bosna #bosnia #balkan #fypbalkan ♬ Originalton – Balkan hitovi

Исто така, тука е и лулашката која стана заштитен знак на оваа плажа и омилено место за фотографирање на посетителите.

Покрај лулашката, прекрасно уредената плажа во Морачна нуди изнајмување кајак, кану и педалинки, а има и бар на плажа. Цената на сет лежалки е 18 евра, а има и бесплатен простор за сопствени лежалки.

„Одлична опција за луѓе кои се наоѓаат далеку од плажата во Неум бидејќи паркирањето тука е бесплатно. Ја преминувате границата и ете си таму“, се вели во описот на видеото.

Според Google Maps, возењето до оваа плажа ќе трае осум минути и бара преминување на границата.