Собранието вчера во рамки на 8. седница со 84 гласа „за“ ја изгласа измената на Законот за енергетика со која ќе се спречи поскапувањето на струјата од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар, .
Со дополнувањата на законот во членот 1, се менува членот 101, поточно се додава ставот (10), кој има за цел да утврди исклучок од ставот (9), и тоа доколку назначениот универзален снабдувач ја понудил универзалната услуга до крајот на утврдената постапка тендер, нема да бидат принудени да основаат нова фирма за давање на услугата. Со оваа одредба, покрај безбедноста и сигурноста, се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Со членот 2 се менува членот 237 со додавање на ставот (14), што е во согласност со членот 1 на овој закон, односно има иста цел да обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија.
Ова решение ќе обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.
Законските измени однапред се одобрени од матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.