Комисијата за избори и именувања на денешната седница ги одобри барањата на поранешниот заменик министер за труд и социјална политика, Енвер Хусеини, поранешниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдoвски, поранешниот заменик министер за внатрешни работи Назим Буши и поранешниот заменик министер за финансии Филип Николоски да го преземе по истекот на договорот за вработување.
Исто така, членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница го дефинираа барањето за остварување на платата по завршувањето на функцијата заменик генерален секретар на Собранието на Мики Милковски и Неџбедин Ибраими.
Комисијата одлучи за доделување на надоместокот за изнајмување на станот за пратеничките Лидија Петковска и Ангелина Петкова. Комисијата ја одобри и одлуката за реализација на отпремнината по пензионирање на поранешниот пратеник Мирослав Јовановиќ.