“ОДОБРЕНО!“ – Стејт департментот на САД донесе одлука која ќе ја разбесни Кина: “Прослава на Тајван!“
Стејт департмент на Соединетите Американски Држави (САД), одобри можна продажба на инфрацрвен систем за следење на борбени авиони од F-16 на Тајван. Проценетата вредност на опремата е 500 милиони долари, соопшти Пентагон, пренесувамедиумската агенција Reuters.
„Предложената продажба на оваа опрема и поддршка нема да го промени основниот воен баланс во регионот“, се наведува во соопштението.
Овој потег може да предизвика револт кај Кина, која постојано бараше САД да ја прекинат продажбата на оружје на Тајван.