Одреден составот на групите за ЕУРО 2024

– Со жрепка вечерва во Хамбург е одреден составот на групите за Европското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во Германија.

Пласман на континенталниот турнир досега обезбедија 21 репрезентација, а преостанатите три ќе бидат познати по одигрувањето на плејофот во март.

Група A: Германија, Унгарија, Шкотска, Швајцарија

Група Б: Шпанија, Албанија, Хрватска, Италија

Група Ц: Англија, Данска, Словенија, Србија

Група Д: Франција, Австрија, Холандија, плејоф победник A

Група Е: Белгија, Романија, Словачка, плејоф победник Б

Група Ф: Португалија, Турција, Чешка, плејоф победник Ц.

ЕУРО 2024 почнува на 14 јуни и ќе заврши точно еден месец подоцна.

Премиерниот натпревар на кој ќе игра домаќинот Германија ќе биде во Минхен, а финалето ќе се игра во Берлин.