– Непалската војска извести дека оваа година од врвовите на Еверест, Нупце и Лотсе на Хималаи се собрани 11 тони смет и откопани се четири трупа и еден скелет.
Извршено е годишно чистење на некои планини на Хималаи, вклучително и Еверест, највисока планина во светот, објави „Химајалан тајмс“.
Во соопштението на непалската војска се наведува дека како резултат на 55-дневното расчистување од врвовите на Еверест, планината Нупце и Лотсе се собрани 11 тони смет и откриени се четири трупа и еден скелет.
Наведено е и дека за пет години биле собрани вкупно 119 тони смет, 14 трупа и неколку скелети.
Директорот на Непалскиот оддел за туризам, Ракеш Гурунг, за Би-би-си изјави дека Владата планира во иднина да одвои поголем буџет за собирање на сметот.
Се проценува дека на Монт Еверест има над 50 тони отпад и повеќе од 200 тела.