Од денеска стапува на сила Законот за нелојална трговија, се очекува намалување на цената за 2500 производи

Од денеска стапи на сила Законот за нелојална трговија со синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, кој треба да ги намали цените на производите и да воспостави ред во трговијата.

Со овој закон се опфатени околу 2.500 производи за кои профитната маржа е ограничена на 10%, па се очекува нивната цена да се намали за 10%.

Вчера заврши привремениот рок на Законот од 6 месеци за усогласување на договорите со одредбите од овој закон, добавувачите и откупувачите кои имаат потпишано договори за набавка на храна и земјоделски производи до денот на влегувањето во сила на овој закон.

Во спротивно, тие договори ќе станат неважечки.

Казните за непочитување на овој закон се движат од 350 до 500 евра, до 20.000 евра, во зависност од големината на фирмите и трговците.

Со Законот, покрај ограничениот попуст, трговците нема да можат да наплатат дополнителни трошоци за маркетинг, застапеност и за ставање на одредени производи на полиците.