Сметките за струја на регулираниот пазар, односно домаќинствата и малите потрошувачи, од сега до крајот на годината ќе бидат повисоки за повеќето потрошувачи.
Одлуката за минималното поскапување ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во четвртокот.
Како што рече претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски по донесувањето на одлуката, цената на струјата за домаќинствата од 1 јули во првиот блок останува иста, во вториот блок има зголемување од 0,85 отсто, во третиот блок 1. 92 отсто и во четвртиот блок од 1,88 отсто, додека бесплатната струја поскапува за 0,65 отсто.
Со ова, додаде тој, за 88 отсто од домаќинствата кои влегуваат во првиот и вториот блок со потрошувачка, цената на струјата ќе се зголеми за 0,4 отсто. За осум отсто од домаќинствата со потрошувачка во третиот блок месечниот трошок ќе се зголеми за 0,48 отсто, а за четири отсто од домаќинствата со потрошувачка во четвртиот блок трошокот ќе се зголеми за 0,57 отсто.