Од денес на луѓето во овој хороскопски знак се ќе им оди ‘од рака’! Следува успешен период за нив, а ги очекува и голем прилив на пари

Ако им се верува на астролозите, со влегувањето на планетата Јупитер во нивниот сектор на кариера, Лавовите ќе бидат насочени кон успех во наредната година. Доколку имаат планиран проект или треба да планираат нова стратегија, им се препорачува да дејствуваат во деновите по младата месечина на 19. мај. Накратко, Лавови, од денес треба да го започнете вашиот бизнис план.

Имено, планетата Марс од денеска е во нивниот знак, па во наредните седум недели, до 9. јуни, ќе имаат дополнителна енергија и нагон за остварување на целите, а следствено и остварување на добра заработка. Им се советува тој период да го искористат максимално.

Лавот е огнен знак на хороскопот кој се карактеризира со самодоверба, драма и креативност. Луѓето родени во овој знак имаат кралско, гордо однесување кое е невозможно да не се забележи. Се раѓаат лидери, способни да постигнат сè што ќе посакаат, а со својот говор го задржуваат вниманието на оние околу нив. Иако сакаат да бидат најдобри во се, имаат големо срце и се подготвени да им помогнат на драгите луѓе.

Нивните силни страни се креативноста, страста, дарежливоста и топлото срце, додека нивните слабости се ароганцијата, тврдоглавоста, нефлексибилноста, мрзеливоста и прекумерната гордост.