“ОД МОЈАТА СЕСТРА БЛИЗНАЧКА СУМ 3 ГОДИНИ ПОСТАРА” : Сите се прашуваат како е можно, а нејзиното објаснување е НЕВЕРОЈАТНО

Во вирално видео на TikTok, сестрите објаснуваат како дошле на светот, оставајќи многумина во страв до каде стигнала науката.


Развојот на современи научни методи во ин витро оплодување е веројатно едно од најголемите достигнувања на човештвото.
Ова им помогна на многу жени и парови да се остварат како родители, кога по природен пат не било лесно. Иако е сложен и долготраен процес, овој метод на светот носи бебиња кои обично се нарекуваат „чудо бебиња“. По приказната за две сестри, која се појави на TikTok, овој термин доби ново значење.

@michel.c.janse

we are 3 years apart but technically twins. 😅 #fyp

♬ original sound – alex_n_maritza

Имено, Тиктокерката Мишел Џенс е зачната на овој начин. Таа решила да ја сподели приказната, која е за неа и нејзината сестра. Мишел во своето видео вели дека и таа и нејзината сестра биле зачнати преку ин витро оплодување (ИВФ) во 1996. година. Бидејќи и двете биле зачнати во ист момент, девојката вели дека тоа во основа ги прави близнаци. Но нивните родители решиле да ги добијат во различни периоди.
Мишел раскажува за оваа необична ситуација: „Јас бев прва, а ембрионот на нејзината сестра – Џеј Џеј бил „замрзнат“ три години, за да се роди во 2000. година. Сестрата на Мишел се родила три години по неа, што значи дека три години по нејзината биолошка сестра близначка.

Но, приказната не завршува тука. Мишел во видеото вели и дека нивните родители се уште чуваат уште замрзнати ембриони! На крајот, таа додава дека ако сакаат, тие две можат да земат ембриони и да родат свои „браќа или сестри“.
Еден корисник напишал: „Лудо е да се мисли дека една од вас две била ЗАМРЗНАТА 3. ГОДИНИ!
Друг под приказната додал: „Чекај, може ли некој да ми го објасни ова?? Науката е чудо“.