Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по зголемени цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на РКЕ, бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за еден денар за литар, додека цената за литар Еуросупер БС-98, дизел и екстра лесното масло од ноќеска се зголемува за 1,5 денари.
Па така, литар Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе се продава за 77,5 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе чини 80 денари, а новата цена на дизелот ќе изнесува 74,5 денари за литар. Екстра лесното масло, пак, ќе се продава за 74 денари за литар а цената на мазутот се зголемува за 0,138 денари за килограм и ќе изнесува 42,075 денари.