ОД ОБИЧЕН ‘ГОТВАЧ’ ДО ГОЛЕМ РИВАЛ! До кога Владимир Путин ќе го трпи Евгениј Пригожин: “Се обложувам дека ќе биде пронајден мртов со смешна белешка за збогум!“

Врската меѓу рускиот тајкун Евгениј Пригожин и неговиот долгогодишен пријател, претседателот Владимир Путин, се чини дека ја достигна точка на „вриење“, а поранешниот готвач прибегнува кон објавување видеа со вулгарности на социјалните мрежи за да се слушне неговиот глас што е можно повеќе среде војната во Украина. пишува Newsweek.

Евгениј Пригожин, наречен како „Готвачот на Владимир Путин“ благодарение на неговите договори за кетеринг со Кремљ, ја предводи озлогласената паравоена група Вагнер. Тој со месеци ги испраќа своите борци во источниот украински град Бахмут заедно со редовната руска армија, како дел од обидот на Москва да ја обезбеди својата прва голема победа на бојното поле во војната од летото 2022 година. Кремљ до неодамна сметаше дека Евгениј Пригожин и групата Вагнер се клучни во војната.

Евгениј Пригожин

Но, пукнатините во односите се појавија кога Евгениј Пригожин почна да го покажува својот апетит во политичката сфера со напад кон рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов. Овие тензии растеа експоненцијално се до заканата на Евгениј Пригожин од минатата недела дека ќе ги повлече своите борци од Бахмут поради недостаток на муниција.

Разбеснетиот Евгениј Пригожин апелираше директно до Владимир Путин за повеќе муниција, во видео со вулгарности, на кое се гледаше како тој стои пред труповите на сите борци за кои тврдеше дека загинале во битката кај Бахмут. Дотогаш Евгениј Пригожин своите напади ги насочуваше само кон Сергеј Шојгу и Валериј Герасимов.

Во вторник, 9. мај, „Денот на победата“ – кога Русија ја слави победата над нацистичка Германија во Втората светска војнаЕвгениј Пригожин повторно се пожали на недостаток на муниција. Овие снимки ги објави непосредно пред и веднаш по говорот на Владимир Путин на „Црвениот плоштад“ во Москва. Тој кажа дека на неговите борци сè уште им недостига муниција и дека на луѓето на Вагнер не им било дозволено да се повлечат под закани за дезертерство и предавство. „Руските генерали се предавници“, нагласи тогаш разбестениот Евгениј Пригожин.

Што ако дедото испадне дека е шупак“, кажа тој во видеото алудирајќи според многумина директно на Владимир Путин.

Очигледно е дека овој ‘дедо’ е Владимир Путин“, изјави Влад Михенко, експерт за политики за поранешниот Советски Сојуз од Велика Британија за Newsweek.

Односот меѓу Владимир Путин и Евгениј Пригожин датира од 1990-тите години, кога тој го снабдуваше Кремљ со оброци преку неговите угостителски компании. Тој уживаше во брзиот пораст во руското општество, натрупа огромно богатство и минатата година се појави како клучен играч во војната што ја започна рускиот „цар“.

Татјана Становаја, виш соработник во центарот за Русија и Евроазија, верува дека неодамнешната серија видеа на Евгениј Пригожин сугерира дека тој повеќе нема директен контакт со Владимир Путин.

Тоа е единствениот начин да го изрази своето несогласување, да го изрази својот гнев и да излезе во јавноста. Затоа мора да објавува толку многу видеа на кои покажува колку е лут и како работите тргнале наопаку“, изјавила Татјана Становаја за Newsweek.

Влад Михенко, пак, истакнува дека Кремљ ја вовел групата Вагнер во војна дури по понижувачкиот пораз во битката за Киев во пролетта 2022 година. Потоа, Кремљ им даде целосна поддршка на Евгениј Пригожин и неговите борци и одврзани раце да регрутираат затвореници. Тие, исто така, им дадоа тенкови, авиони, вооружени хеликоптери, тешка артилерија и неограничени резерви на муниција. Меѓутоа, работите се сменија кога Кремљ почувствува дека Евгениј Пригожин има поголеми амбиции и почна да го смета за политички опасен.

Главната активност на Евгениј Пригожин за време на овој конфликт секогаш беше обид да ја капитализира војната и да собере повеќе средства и ресурси во самата Русија за да добие некоја позиција во Владата или некоја друга важна политичка функција. Со други зборови, да го сврти својот материјал во политичка предност“, објаснува Влад Михенко.

Кремљ, додава тој, почнал да „управува со него“ и да го „минимизира неговото прекумерно влијание“.

Одлуката на Владимир Путин да ги врати Валериј Герасимов и другите генерали, со кои Евгениј Пригожин отворено се судри, на главните командни пунктови на војната во Украина беше почеток на крајот на Евгениј Пригожин“, додава овој аналитичар.

Татјана Становаја пак, вели дека Евгениј Пригожин чувствувал дека е подобар и посилен играч од оние во Кремљ.

Владимир Путин, кој мораше да се справи со многу поплаки против Евгениј Пригожин, само реагираше и ја ребалансираше ситуацијата во корист на безбедносните служби, обидувајќи се да го врати единството“, објаснува таа.

Неговото регрутирање борци меѓу затворениците во затворите беше сè поголем проблем за безбедносните служби. За нив беше неприфатливо и со текот на времето најдоа начин да го убедат Владимир Путин да го спречи тоа“, вели Татјана Становаја, мислејќи на Федералната затворска служба, Министерството за правда и разузнавачката агенција ФСБ.

Татјана Становаја вели дека од една страна руските власти „навистина се плашат“ од Евгениј Пригожин и го сметаат за закана за државата, режимот на Владимир Путин и стабилноста на Русија.

Но, од друга страна, во врска со оваа војна, тој кажува работи што изгледаат точни. Долгорочно, на овој начин, Евгениј Пригожин би можел да стане попривлечен за граѓаните“, вели Татјана Становаја.

Евгениј Пригожин

Евгениј Пригожин неодамна го нападна Кремљ затоа што не му ги дадоа 200.000 војници под негова команда што тој ги побара.

Тие некако се обидуваат да ја разводнат групата Вагнер за да не биде голема сила што би можела да игра улога во домашната политика во иднина“, отворено изјави Евгениј Пригожин минатиот месец во разговорот на неговиот профил на социјалната мрежа Телеграм.

Експертите велат дека најискусните борци и инструктори на Вагнер групата биле намамени во други паравоени формации финансирани од руската Влада.

Експертот Татјана Становаја истакнува дека групата Вагнер веројатно е осудена да се повлече од Бахмут.

Тоа ќе им одговара на Владимир Путин и на генералштабот – им е доста од него. И ако ја земеме предвид воената логика, на армијата навистина не и е потребен Вагнер бидејќи овие борци се навистина исцрпени и нивниот морал е многу низок. Затоа мислам дека е само прашање на време е да се повлече од Бахмут“, вели таа.