Средношколците со попреченост ќе добиваат образовни асистенти почнувајќи од септември и во моментов доколку има сериозна потреба и непополнето работно место за образовен асистент, Министерството за образование и наука ќе вложи максимални напори да обезбеди и за овие ученици.
Законот за средно образование, кој вчера помина во Владата и ќе влезе во собраниска процедура, предвидува и образовни асистенти во средните училишта.
„Претходниот закон не предвидуваше образовни асистенти во средните училишта. Овој закон предвидува и образовни асистенти во средните училишта. Она што е сигурно е дека од септември годинава ќе имаат асистенти, а токму сега доколку има сериозна потреба и непополнето место за асистент, ќе се потрудиме да обезбедиме и за овие ученици“, одговори Јаневска на новинарски прашања на денешната прес-конференција.