Од теорија до пракса, во Романија се отвора тренинг центар за украински пилоти – таму ќе научат да управуваат со авиони Ф-16
Романскиот министер за одбрана Ангел Тилвар и холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен денеска во Романија го отворија центарот за обука на украински пилоти со американски борбени авиони Ф-16.
Центарот за обука се наоѓа во воздухопловната база Борчеа, 150 километри источно од Букурешт, пренесува Телеграфи.
Холандија одвои 12 до 18 авиони Ф-16 за програмата за обука. На обуката учествуваат и романски пилоти.
Првите пет авиони од Холандија за обука пристигнаа во Романија минатата недела. Обуката за пилоти требаше да трае шест месеци.
Сепак, сè уште не е јасно кога украинската армија ќе може да ги користи овие авиони во војната.
Романија во моментов има 17 F-16 кои ги купи од Португалија и чекаат да бидат модернизирани.
Букурешт има купено и 32 авиони Ф-16 од Норвешка. Првите осум требаше да ги испорача Осло оваа година.
In Romania, in the city of Făteşti, 100 kilometers from Bucharest, a training center for F-16 pilots is being opened at an air base to train Ukrainians.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 13, 2023
The opening ceremony will be attended by Romanian Defense Minister @AngelTilvar and Dutch Defense Minister Kajsa Ollongren… pic.twitter.com/7TF2qbN3R2