Од утре изменет режим на сообраќај на делницата Петровец – Катланово

Заради извршување градежни активности, од утре времено ќе биде изменет режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец – Катланово, соопштуваат од АМСМ.

Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од утре (31.05.2024) во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот.