Од час во час, се повеќе голи! Почна со крпа, заврши целосно гола – само мини танга и го покри интимниот дел
Раперката Доџ Кет ги изненади сите присутни со својот гол стајлинг на настанот Мет Гала.
Синоќа во Њујорк се одржа добро познатиот американски моден настан „Мет Гала“ под името „Заспаните убавици: повторното разбудување на модата“, со тема „Градината на времето“, инспирирана од насловот на расказот на британскиот писател Џеј Џеј Балард од 1962 година.
Еден од гостите кој привлече внимание беше раперот Доџ Кат . Нејзиниот стајлинг дефинитивно беше предмет на расправа, со оглед на тоа што од час во час носеше се помалку облека.
Всушност, пред почетокот на Мет Гала, таа се појави пред хотелот, носејќи само крпа, и околу телото и на главата, а позирајќи и во високи потпетици.
Потоа, следното појавување беше на самата Мет Гала, каде дојде облечена во долг, бел, мокар, памучен фустан , низ кој се гледаше нејзиното голо тело.
Сепак, најголем шок беше „аутфитот“ за забавата што беше организирана по Мет Галата, каде Доја беше целосно гола, облечена само во проѕирни хулахопки и танга , а одозгора имаше и проѕирен горен дел, под кој јасно се гледаа голите гради.