Од 1 ноември ќе биде укината авио линијата Скопје-Женева

Нискобуџетната компанија „EasyJet“ планира да ги прекине операциите меѓу Женева и Скопје од почетокот на зимската сезона 2024/25, со што ќе заврши континуираниот тригодишен сервис во главниот град на Република Македонија, пишува „Ex JU Aviation. “.

Авиокомпанијата, како што се наведува во соопштението, последниот лет меѓу двата града го закажа за 1 ноември и продажбата на билетите е прекината.

„EasyJet“ влезе на пазарот на Македонија во ноември 2021 година и е единствениот оператор меѓу Женева и Скопје. Во тековната сезона релација Скопје-Женева се реализира два пати неделно, додека во изминатиот летен период имаше четири лета.