Израелската армија од 7 октомври уапсила повеќе од 4.000 Палестинци на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, соопштија во денеска палестинските групи за човекови права.
Во заедничкото соопштение, групите за човекови права изнесоа податоци дека меѓу приведените Палестинци има 150 жени и повеќе од 255 деца. Во соопштението се истакнува дека бројката не ги вклучува уапсените во Појасот Газа во истиот период.
Исто така, се вели дека во моментов има повеќе од 7.800 Палестинци во израелските затвори, вклучително и 2.870 лица без судење или обвинение според израелската политика за административен притвор.
Тензиите се зголемени низ Западниот Брег поради израелската воена офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Речиси 282 Палестинци се убиени од страна на израелските сили и доселеници на Западниот Брег од 7 октомври, покрај повеќе од 3.100 други повредени, според палестинското Министерство за здравство.