Дали вистинската причина за одложувањето на конгресот на СДСМ е тоа што 2/3 од делегатите не се појавиле? Од 750 делегати, синоќа во скопскиот хотел, каде требаше да расправаат за изборниот дебакл, дошле околу 200.
Од актуелното раководство не негираат дека имало помал број на делегати, но тврдат дека точната бројка не ја знаат. Свесни се и дека, дел од делегатите преминале во ЗНАМ.
Членството и симпатизерите незадоволството го истураат на социјалните мрежи, каде „преседан“, „шлаканица“и „конгресен дебакл“ се најчестите епитети. Највисоките партиски органи се обвинувани дека „се служат со лаги, ја манипулираат јавноста, ја носат партијата во бездна, а делегатите ги третираат како овци“.