Познатиот рокер планира и нов албум
Легендарниот хеви метал музичар Ози Озборн (74) ја извести јавноста дека се опоравува по неодамнешната операција и најави дека планира да сними „добар рок албум“ во 2024 година, објави порталот Метал Хамер.
2023 година беше уште една тешка година за Ози. Фронтменот на Black Sabbath беше принуден да ја откаже својата многу очекувана турнеја „No More Tours 2“ во февруари и најави целосно повлекување од турнеите.
На неодамна оживеаниот подкаст „The Osbournes“, Ози опиша повреда на ‘рбетот што го мачеше во последните години, признавајќи дека мислел дека го скршил вратот.
Но, во новото интервју за Metal Hammer, легендата на хеви металот понуди позитивно ажурирање за неговото здравје по неговата последна операција во септември.
„Операцијата помина добро“
“Сега ги направив сите операции, фала му на Бога. Се чувствувам добро – само ми требаше подолго. Мислев дека ќе застанам на нозе пред неколку месеци, едноставно не можев да се навикнам на овој начин на живот. нешто секогаш не е во ред. Сè уште не можам да одам, но веќе ништо не ме боли и операцијата на ‘рбетот помина одлично“.
Покрај тоа, Ози дава и оптимистичка прогноза за 2024 година, вклучувајќи ги и плановите за снимање на нов албум.
„Се подготвувам. Неодамна веќе направив два албума, но сакам да направам уште еден албум за да се вратам на турнеја“, децидно вели тој, пренесува Index.hr.
Запрашан за детали, Ози призна дека има студио во својот дом во Велика Британија и се надева дека повторно ќе се соедини со Ендрју Ват.
„Сега почнувам да работам на тоа и ќе снимаме во првиот дел од следната година“, вели тој.