Околу 1,1 милион бегалци пристигнале во Германија од Украина минатата година, надминувајќи го приливот на мигранти од Блискиот Исток од 2014 до 2016 година, соопшти денеска германската управа за статистика.
Како што е наведено, две третини од оние кои доаѓаат од Украина пристигнале во првите три месеци по руската инвазија на таа земја, или помеѓу март и мај минатата година.
Податоците беа објавени во пресрет на годишнината од почетокот на инвазијата на 24 февруари во која беа раселени милиони Украинци.
Без оние кои се вратиле во Украина, минатата година во Германија останале 962.000 украински бегалци, што е повеќе од вкупниот број од 834.000 кои дошле од Сирија, Авганистан и Ирак во периодот од 2014 до 2016 година.
Германскиот завод за статистика истакнува дека тоа ги направи украинските граѓани втора по големина имигрантска заедница во Германија по турските граѓани.