Околу 50 лица, меѓу кои седум деца, го загубија животот со давење во вода за само еден ден во Русија, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
Констатирано е дека во изминатите 24 часа се регистрирани вкупно 65 инциденти на руските реки, езера и мориња, пренесуваат британските медиуми, додавајќи дека седум деца се меѓу 49-те лица кои се удавија вчера,откако топлотен бран зафати големи делови од земјата.
„Во земјата во последните 24 часа се регистрирани вкупно 65 инциденти, 49 лица загинаа“, објави Министерството на апликацијата за пораки Телеграм.
Ова е за 10 инциденти повеќе од бројот на давеници во истиот ден пред една година, пренесуваат руските медиуми.
Минатата недела во Русија беше регистрирано најтоплото време во повеќе од еден век, а Москва го собори рекордот поставен во 1917 година, а голем број градови во најголемата земја во светот издржаа температури над 35 Целзиусови степени.
Хидрометеоролошката служба во петокот соопшти дека јужните и европските делови на Русија се очекува да доживеат невообичаено топло време во текот на викендот, а на некои места се очекуваше температурите да надминат 40 степени Целзиусови. сд/
фото:МИА архива