Олаф Шолц ја поздрави одлуката на МКС за апсење на Владимир Путин и порача: “ФАКТ Е ДЕКА НИКОЈ НЕ Е НАД ЗАКОНОТ!“

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја поздрави одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека тоа покажува дека никој не е над законот.

Претходниот ден МКС побара апсење на Владимир Путин под сомнение дека сторил кривично дело нелегална депортација на деца и нелегално пренесување на луѓе од Украина во Русија за време на војната во Украина, пишуваат странските медиуми.

Меѓународниот кривичен суд е вистинската институција за истрага на воените злосторства. Факт е дека никој не е над законот и тоа е она што сега станува јасно“, посочи Шолц на заедничката прес-конференција во Токио со јапонскиот премиер Фумио Кишида.