“ОЛД ТРАФОРД“ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА !? Во Манчестер Јунајтед ќе се случи огромна промена, која дури и Кристијано Роналдо ја посакуваше ?

Откако на католички Бадник беше потврдена веста дека Сер Џим Ретклиф стана сопственик на 25% од Манчестер Јунајтед, се чини дека Англичанецот веднаш започнал целосна реконструкција.

Се планираат огромни инвестиции со оглед на тоа што Џим Ретклиф е задолжен за спортскиот сегмент на клубот, а одвоените 1,3 милијарди фунти очигледно ќе бидат вложени во изградба на нов стадион. Засега се уште не е познато дали се планира реконструкција на иконскиот стадион или негово целосно уривање.

Театарот на соништата“ е дом на „Црвените Ѓаволи“ од 1910 година, но веќе неколку години добива бројни критики поради покривот што прокиснува и неквалитетните објекти кои станаа постојана тема.

Дури и Кристијано Роналдо ја критикуваше состојбата на стадионот и целиот објект во познатото интервју за Пирс Морган, посочувајќи дека ништо не се променило во речиси дваесет години откако тој првично дојде и се врати во клубот.