Оливер Спасовски: Лага е дека ништо не се направило во борбата со пожарите, ќе наведам неколку факти!

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник во собранието, Оливер Спасовски вчера беше гостин во Вести плус на Канал 5 Телевизија и одговори на обвинувањата од страна на актуелната власт дека во изминатите години ништо не се направило во борбата со справување со пожарите.

-Лага е дека ништо не се направило во борбата со пожарите, ќе наведам неколку факти:

Препознавајќи ги потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот, преку Буџетот на МВР во 2022 година Одделот беше опремен со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари, за да одговорат на потребите на граѓаните. Беше набавено едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“.

Оваа опрема и летечкиот персонал којшто ја користи се клучни и се во употреба периодов во гаснењето на пожарите низ државата.

Спасовски го коментираше и барањето на коалицијата ВРЕДИ за формирање на Албанска Акедемија на науки и уметности каде рече дека: „МАНУ е институцијата која функцоинира и ќе продолжи да се развива, таа не е формирана на етничка основа. Владината коалиција да не влегува во вакви игри, затоа што ова може скапо да не чини. Сме виделе во минатото при вакви игри или несогласувања дошло до меѓуетнички конфликти.“