Омилената британска принцеза постави трендови кои сè уште сакаме да ги носиме: Ова беа „само“ чанти, додека Дијана не ги донесе до култен статус

Исто како и повеќето дами, принцезата Дијана ја сакаше модата, а особено чантите. Многу од нејзините комбинации оставија неизбришлива трага, а луксузните модни брендови ја препознаа големината на Дијана и ги именуваа чантите по неа.

Иако принцезата Дијана го популаризираше малиот црн фустан и моторџиските панталони во комбинација со предимензионирани тренерки, таа остави големо влијание и во светот на чантите.

Во 1995 година, првата дама на Франција и подари на Лејди Ди необјавена чанта „Dior Chouchou“. Од таа година, Дијана често е фотографирана како носи мала црна чанта потпишана од францускиот луксузен бренд. Во 996 година, чантата наречена „Dior Chouchou“ го смени своето име во „Lady“, а тие се продаваат и денес и го имаат статусот на најбараните чанти на Диор.

Таа често ја носеше во спортски пригоди како одење во теретана, а со оваа чанта е фотографирана како носи некои од нејзините најпознати спортски комбинации во велосипедски шорцеви. Во 2021 година, креативниот директор на Гучи ја врати чантата во продажба и и го даде името „Гучи Дијана“.

Италијанската луксузна модна куќа Ферагамо со задоволство соработуваше со британската принцеза. Ферагамо се потпишува и на чантата што Дијана ја искомбинира со нејзиниот познат „одмазднички фустан“, но најпознатата италијанска чанта на принцезата Дијана е кожената чанта со долг синџир што ја имаше во црна и беж боја.

Друго мило парче во колекцијата на Дијана беше „Di Bag“ од италијанскиот бренд Tod’s. Првично беше наречена D Bag, а во 2013 година брендот повторно ја издаде чантата под името „Di“ и до денес е достапна во различни бои и големини.