Омилената плажа на Македонците кои летуваат во Грција стана најомразена за Србите: “Дали сте од Србија ? Нема лежалки за вас!“

Грција е една од омилените дестинации за туристите од регионот, главно од Македонија и соседна Србија, како поради близината, така и поради прекрасните плажи. За цените и поскапувањата во последно време се почесто се зборува, а некои туристи доживеале непријатности, пишува B92.

Изминативе денови се пишуваше за честите кражби на автомобили на српски туристи (наводно за ова е ‘одговорна’ бугарската мафија), а сега главна тема се лежалките.

Имено, како што се појавуваат информации на социјалната мрежа Фејсбук, во инфо групата Grcka.Info, една жена не можела да добие лежалки бидејќи, како што наведува, и било кажано дека – „лежалките не се за луѓе од Србија“.

Како што ги фалев досега, сега морам да упатам огромна критика, на познатата плажа ‘Paliouti‘ велат дека не може да се резервираат лежалки, а веќе два дена откако сме стигнале ни кажуваат дека лежалките се резервирани. Денеска кога ги прашавме како се резервирани кога кажавте дека не прифаќате резервации, добивме одговор – овие лежалки не се за луѓе од Србија“, напишала една жена во објава на Фејсбук.

Ваков однос кон Србите прв пат доживуваме. И секако, веднаш ја сменивме плажата… Голем, огромен минус“, додала таа во својата објава.

Она што може да се дознае од оваа објава, судејќи по коментарите, е дека ова не е прв случај туристите од Србија да доживеат ваква непријатност.

Бевме во овој бар на плажа пред неколку дена и ни рекоа дека не прават резервации, а потоа кога ќе дојдеш да видиш слободно место, велат дека е резервирано… Не се фер кон Србите и е очигледно… Исто така, отидовме во барот на плажата ‘Leuka ammos‘ и таму ни рекоа да доплатиме за детето што е во ред, но кога прашав дали детето добива своја лежалка на влезот, ми рекоа можеби, не се сигурно“, напишал друг турист од Србија кој летувал во Грција и додал: „И кога влеговме, истрча некој и му кажа на келнерот да не стави во вториот ред, дека не можеме да влеземе во првиот. Секако се свртевме и заминавме. Во исто време, влезот во морето е полн со лизгави камења, па затоа не е идеален, особено за мали деца“.

Непријатното искуство неколку пати го доживеала уште една туристка од соседна Србија.

За жал, неколку пати го доживеавме истото, тие беа најлоши кон нас на Закинтос, имаа предрасуди, а ние потрошивме многу пари на островот. Дури и не исфрлија од автобус затоа што сме Срби“, тврди таа во објава во споменатата група.

Мнозинството членови од групата се согласило дека тоа е дискриминација и ги осуди постапките на менаџерите на плажите, а има и такви кои се прашуваа дали е реално да плаќаат 20 евра за лежалки.