Омилените здрави пијалоци не се толку здрави: Истражувањата покажуваат дека го зголемуваат ризикот од мозочен удар

Популарен засладувач што се користи во протеинските плочки и енергетските пијалоци без шеќер, особено популарни кај младите луѓе, може да го зголеми ризикот од мозочен удар, тврди ново истражување.

Истражувачите од Универзитетот во Колорадо во Болдер изложиле човечки клетки пронајдени во мозокот на еритритол во количини за кои тврделе дека се исти како и количината што се наоѓа во диеталните газирани пијалоци.

Клетките покажаа загрижувачки промени во рок од неколку часа, вклучително и намалување на количината на протеини што ги разградуваат згрутчувањата, што е клучно за спречување на мозочни удари.

Обрн Бери, постдипломски студент кој го водеше истражувањето, рече: „Иако еритритолот е широко користен во производи без шеќер кои се продаваат како поздрави алтернативи, потребни се понатамошни истражувања за целосно да се разбере неговото влијание врз здравјето на крвните садови“.

„Општо земено, луѓето треба да бидат свесни за количината на еритритол што ја консумираат секојдневно“, додаде таа.

Ова се случува во услови на мистериозен пораст на бројот на мозочни удари кај младите луѓе, кој, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC), се зголемил за речиси 15 проценти кај луѓето под 45 години од 2011 година.

Еритритолот е исклучително популарен засладувач што се користи во пијалоците. Иако новата студија беше мала и користеше изолирани клетки, таа се надополнува на растечкиот број докази што покренуваат загриженост во врска со засладувачите.

Студија на Клиниката во Кливленд од 2023 година, во која биле следени 4.000 луѓе, открила дека оние кои консумирале еритритол имале поголема веројатност да доживеат срцев удар, мозочен удар или предвремена смрт.

Новата студија е објавена во списанието „Journal of Applied Physiology“ .