Она што вашите деца никогаш нема да ви го простат, избегнувајте ги овие работи

Дали некогаш сте се запрашале кој од вашите потези може да биде особено тежок за вашите деца? Иако родителите прават многу работи ненамерно, тие навистина оставаат трага кај најмалите.

Имено, психолозите веруваат дека две работи можат толку многу да ги повредат децата што ќе ги паметат до крајот на животот. На прво место се неисполнетите ветувања.

Многу родители им ветуваат на своите деца награди доколку успешно завршат училишна задача и слично. Меѓутоа, кога ќе го направат тоа што се бара од нив, наместо награда, возрасните им поставуваат нов предизвик.

Можеби ви изгледа безопасно, но ако постојано му ветувате на детето нешто што не го исполнувате, тој ќе ја изгуби довербата во вас затоа што сте го разочарале. Кога ќе пораснат, нема да ви кажуваат за сериозни работи што им се случуваат во животот затоа што не ви веруваат.

На второ место е непочитувањето. Родителите честопати ненамерно ги повредуваат своите деца заборавајќи да ги пофалат за нешто што го направиле.

Поради оваа причина, многу е важно да се внимава на сè што детето постигнува – добра оценка во училиште, успех во хоби итн. Охрабрувајте ги децата секој ден и тие ќе продолжат да постигнуваат поголеми успеси.