Она што му го кажа Цеца на Гудељ секој зет сака да го слушне од таштата: Немања покажа колку е силен и во најтешките моменти (фото)

Познатиот српски фудбалер Немања Гудељ и Анастасија Ражнатовиќ пред неколку дена го загубија своето бебе. Таа тажна вест многу ги погоди сите во семејствата Гудељ и Ражнатовиќ.

Немања на својот Инстаграм профил ја сподели тажната вест со сите и им се заблагодари за големата поддршка која им доаѓа од сите страни во тешките моменти.

После сè, Анастасија малку се повлече од јавноста и го деактивираше својот Инстаграм профил.

Иако минуваа низ многу тешки емотивни моменти поради загубата на бебето, Немања синоќа мораше да одигра многу важен натпревар за својот клуб.

Неговата Севиља го одигра финалето на Лига Европа против италијанска Рома и победи.

Екипата на Немања триумфираа по изведувањето пенали и на тој начин ,,прегрнаа” уште еден трофеј во ова натпреварување.

Немања како и секогаш беше незаменлив во редовите на шпанскиот тим. Беше еден од најдобрите на теренот и покрај тажните работи што му се случија на него и на Анастасија. Само неколку дена претходно успеа да ја подигне концентрацијата и да освои многу важен трофеј.

Немања со ова покажа колку е силен како личност. Малку се оние кои по ваква загуба би успеале да се изборат како него на теренот само неколку дена по големата загуба.

А на крајот на краиштата, наградата за освоениот трофеј Немања ја доби и од својата ташта – Светлана Цеца Ражнатовиќ. Српската позната пејачка му честиташе на Немања за освојувањето на трофејот на најубав начин и покажа колку го цени и сака.

Честитки! Добро сторено! Најдобриот зет на светот – напиша Цеца со оваа фотографија.