Она што ѝ го направил пред смртта е вознемирувачко! Оваа слика покажува колку Ноа била приврзана за монструмот кој ја уби (фото)

Осумнаесетгодишната ТикТокерка Ноа Миливојев исчезна на 17 јуни, а нејзиното целосно искасапено и распарчено тело беше пронајдено на 6 јули во стан во центарот на Белград.

Веднаш беше приведен осомничениот маж (33) за монструозното убиство, кој го признал делото.

Познато е дека Ноа била голем обожавател на тетоважи, а на телото имала неколку. На бутот Ноа имала тетоважа на пеперутка, а како што пренесуваат медиумите, убиецот и’ го отсекол тој дел од ногата за да го зачува цртежот пред да и’ го распарчи остатокот од телото.

Ноа и осомничениот имале многу турбулентен однос, а нејзините блиски тврдат дека тиктокерката била вљубен до уши во него, но била и многу љубоморна а наводно, момчето не сакала да го запознае ниту со нејзината цимерка со која била многу блиска.

Во само еден кадар се гледа неговото име истетовирано на нејзината рака. Во видеото таа пееше и танцуваше, а во еден момент ја зумира и раката на која има тетоважа на која можете да го прочитате неговото име.

Како што се коментира под видеото, тоа е само цртеж, кој кажува колку нејзиното момче и осомничен за убиство бил важен во животот на Ноа.