Иако појадокот често се нарекува најважен оброк во денот, новото истражување покажува дека тој дури може да игра клучна улога во заштитата од рак на дебелото црево. Студијата Mass Brigham General покажа дека консумирањето јогурт најмалку два пати неделно може да го намали ризикот од одредени видови на рак на дебелото црево.
„Јогуртот може да помогне во одржувањето на здрав микробиом во нашите тела“, вели лекарот и еден од авторите на студијата, д-р. Томотака Угаи за HPR.
Надоврзувајќи се на истражувањето, онколог специјализиран за рак на дебелото црево, Др. Suneel Kamath, препорачува појадок кој комбинира калциум и влакна, а може да се подготви однапред.
„Изгледа дека млечните производи се корисни во спречувањето на рак на дебелото црево и лесно се вклучуваат во исхраната, особено за појадок“, изјави тој за Дејли Меил.
Значи, според онколог, рецептот за најдобар појадок за здравјето на цревата вклучува:
- 35 грама овесна каша
- 120 милилитри безмасно млеко
- 80 грама обичен јогурт без маснотии или грчки јогурт
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка кафеав шеќер
- Подготовка: Сите состојки се мешаат во сад и се оставаат во фрижидер преку ноќ. Добро измешајте наутро пред сервирање.
За оние кои не консумираат млечни производи, др. Камат предлага смути со млеко од растително потекло, кое ги обезбедува потребните хранливи материи без млечни состојки.
Овој едноставен појадок може да придонесе за здравјето на цревата и да го намали ризикот од рак на дебелото црево.