Кинески научници создадоа смртоносен вирус користејќи гликопротеин пронајден во еболата.
Новиот вирус што го создале уништил група хрчаци.
Истражувачите од Медицинскиот универзитет во Хебеј спроведоа студија на хрчаци, кои по добивањето на заразната болест и протеинот ебола што предизвикува ширење на вирусот, откриле дека развиле тешки системски заболувања слични на оние кои се забележани кај заболените од ебола, пишува Мирор.
Во студијата на кинеските научници, објавена во Science Direct, за хрчаците, откриен е особено непријатен симптом, кој се манифестира во форма на красти на површината на очните јаболка, кои влијаат на нивниот вид.
Светската здравствена организација наведува дека еболата е ретка, но исклучително тешка болест која често е фатална кај луѓето. Се јавува кога вирусот влегува во телото преку исеченици на кожата или со допирање на очите, устата или носот.
Симптоми на ебола се треска, замор и главоболка.
Истражувачите рекоа дека целта е да се репродуцираат симптомите на ебола во лабораторија за подобро да се разбере состојбата и да се спречи нејзиното ширење.