“ОПАСНО ПО ЖИВОТ!“ – Европска земја наскоро ќе го тестира застрашувачкиот ‘аларм за Армагедон’: Милиони ќе ја добијат оваа порака на своите мобилни телефони!
Велика Британија треба да го тестира застрашувачкиот т.н. „аларм од Армагедон“ во следните неколку недели.
Милиони ќе слушнат звук на аларм од нивните телефони и ќе добиваат текстуални предупредувања како дел од новиот владин систем за предупредување за итни случаи. Имено, системот е дизајниран да ги предупредува луѓето доколку во близина има „вонредна состојба опасна по живот“, а тестирањето ќе се фокусира на поплави и екстремни временски услови.
Сопственикот на телефонот ќе добие детали за итната состојба заедно со совети што да прави и како да побара помош, пишува Daily Mail.
Инаку, политичарите во Велика Британија се залагаат за ваков систем повеќе од десет години, а министрите ветија дека ќе го воведат од 2013 година.
Кит Малтхаус тогаш откри дека новата шема ќе и овозможи на владата „да ги предупреди луѓето многу пошироко“ за непосредна опасност како што се поплави, бури, пожари или терористички напади. Планот објавен од владата во декември кажува дека системот ќе биде лансиран „на почетокот на 2023 година“, но досега се извршени само локални тестови во областа Рединг.
„Итните предупредувања ќе бидат клучна алатка која ќе ни помогне подобро да одговориме на вонредни ситуации, како на национално така и на локално ниво“, соопштуваат од Владата на Велика Британија.
„Тесно соработувавме со службите за итни случаи за да го развиеме и да спроведеме опсежни испитувања пред неговото национално лансирање. Очекуваме наскоро да го ажурираме“, додаваат тие.