ОПАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Се подготвува големо невреме, бурни налети на ветер и големи дождови му се закануваат на овој регион
Портокаловото предупредување за бранови на невреме, ризик од поплави и силни ветрови на брегот на Тоскана од север до Пиомбино и денес е во сила, објавија претставници на регионот Тоскана. Поради опасност од поплави, останува предупредувањето во северна Тоскана, објавија италјанските медиуми.
За утре, регионот издаде жолто предупредување за опасност од поплави и силни грмотевици во северозападна Тоскана, како и бранови на невреме во архипелагот и силни ветрови во јужна Тоскана.
Од Регионалната оперативна канцеларија за цивилна заштита прецизираат дека во утрешниот надзор ќе се оценува развојот на состојбите со можно зголемување на сите нивоа на ризик.