Оперативен штаб ја следи состојбата со дојавите за бомби

Сите пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта низ целата земја, се лажни. Во случајов, апелираме за смиреност во јавноста и воздржување од ширење дезинформации во врска со настаните, кои од вчера се евидентирани и во други земји од регионот.

Од утринава ги презедовме сите неопходни мерки согласно со процедурите за постапување при терористичко загрозување.

Преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството, вршиме проценка на степенот на загрозување во координација со безбедносно-разузнавачките служби.

Продолжуваме со активностите насочени кон заштита на безбедноста на граѓаните и училиштата. Вашата безбедност е наш приоритет.