Оперирана снаата на Новак Ѓоковиќ: По интервенцијата се појави фотографија од Сашка Веселинов – „Морам да одморам! (фото)

Поранешната водителка и снаа на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, Сашка Веселинов Ѓоковиќ, на социјалните мрежи покажа како изгледа без трошка шминка или филтри, откако имаше сериозна хируршка интервенција.

На Сашка на сликите и’ се гледаат отоците, а своето лице го сликала по операцијата на умникот. Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ прикачи фотографија од автомобилот додека слушала музика, а она што следбениците веднаш го забележале е отокот по операцијата, како и тоа што Сашка била без трошка шминка.

– Отечена, без коса, во пижами и песна која опсесивно ја слушам. Докторите ми рекоа да одморам затоа што хируршки извадив два умници, но само треба да се прошетам – напишала Сашка со објавата.