Општа прослава низ улиците во Либан! Луѓето пеат, колони од автомобили кои свират, се веат знамиња на Хезболах, како да е победа, а не прекин на огнот! (ВИДЕО)
Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската вооружена група Хезболах стапи денеска во сила откако двете страни постигнаа договор со посредство на САД и Франција.
Договорот стави крај на конфликтот меѓу Израел и милитантната група поддржана од Иран, што резултираше со многу жртви со години, но Израел сè уште се бори против својот друг непријател, палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.
Либанската армија објави дека се подготвува да се распореди на југот на земјата, регион кој беше силно бомбардиран од Израел во борбата против Хезболах.
Источните градови, како и помалите градови и упориштето на вооружената група во јужните предградија на Бејрут, исто така беа изложени на бомбардирањето.
Редици од автомобили и комбиња преполни со душеци, куфери, дури и мебел поминаа низ силно бомбардираниот јужен пристанишен град Тир.
Израелската армија денеска соопшти дека нејзините воени сили сè уште се стационирани на либанска територија, па ги повика жителите на јужните либански села, кои беа повикани на евакуација во последните месеци, да го одложат своето враќање дома до следното известување од израелската армија.
Израел објави дека ги идентификувал оперативците на Хезболах кои се враќале во областите во близина на границата и дека отворил оган за да ги спречи да се приближат. Засега нема никакви знаци дека инцидентот би можел да го поткопа прекинот на огнот.
Во
Либан, некои автомобили истакнаа национални знамиња, други свиреа, а една жена му даде знак на победа на возачот додека луѓето почнаа да се враќаат во домовите од кои избегаа. Многу од селата во кои луѓето се враќаат веројатно се уништени.
Таткото на четири деца, Хусам Арут, им рече на новинарите дека едвај чека да се врати во својот дом.
– Израелците не се повлекоа целосно, се уште се блиску до рабовите, па решивме да почекаме додека армијата официјално не објави дека можеме да влеземе. Во тој случај веднаш ќе ги запалиме автомобилите и ќе се упатиме кон селото – рече тој.