Општа тепачка на концерт: Летаа гитари и друга опрема, невиден скандал на популарната рок група (ВИДЕО)
Членови на популарна рок група се степале на сред бина за време на концерт во Мелбурн. Хаосот на сцената започна кога фронтменот на бендот Антон Њукомб одеднаш реши да го исфрли гитаристот Рајан Ван Крид од сцената.
– Исклучи го микрофонот на овој човек, спушти ми ја гитарата, забавата заврши, капетане. Не ни требаш. Оди си – се слуша како Њукомб му вика на гитаристот.
– Подобро размисли што правиш човеку! Ако заминам ќе биде засекогаш – одговори гитаристот.
Ван Крид се упатил кон излезот, меѓутоа, настанала тепачка, а на видеото потоа се гледа како пејачот го удира со гитара пред двајцата да паднат на бината.
Другите членови на бендот и обезбедувањето побрзаа да ја прекинат тепачката. Бендот ги откажа останатите концерти во Австралија.