– Согласно Годишната програма за локален економски развој, Општина Охрид распиша конкурс за бесплатни курсеви за невработени лица, со цел стимулирање нивна социјална интеграција и подобрување на нивните квалификации за идно вработување.
Предност за пријавување на курсевите за водоинсталатер, монтер на опрема за греење и ладење, болничари, фризери, кројач на женска/машка облека, монтер на нисконапонски инсталации и дактилографија на компјутер имаат невработените лица, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат.
Курсевите ќе започнат доколку се оформи група од најмалку 15 пријавени учесници.
Изборот на учесниците ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен”. Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на интернет-страницата www.ohrid.gov.mk.
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна десет дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење “Кузман Шапкарев” Oхрид, ул.Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење „Кузман Шапкарев” секој работен ден од 08 до 14 часот.