Општина Струмица: Костадинов оствари средба со Ципрас и Заев

Двајца поранешни лидери кои ги кренаа рампите меѓу Македонија и Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа севкупната соработка меѓу двете држави. Во кабинетот, во кој цели три мандати помина поранешниот премиер Зоран

Заев, со Ципрас и Зоран Заев градоначалникот разговараше за функционирањето на Општината, нејзиниот развој, новите предизвици и состојби во државата и регионот. Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари и кога си на иста линија со нив, бидејќи само така можеш да обезбедиш сигурна иднина за граѓаните, општината и државата, порача градоначалникот Костадин Костадинов.