Општините и министерствата заедно трошат над два милиони евра годишно за правни услуги

Општините и министерствата заедно трошат повеќе од два милиони евра годишно за правни услуги. Центарот за граѓанска комуникација објави истражување за плаќања за правни услуги од буџетите на општините и министерствата.

Истражувањето покажа дека општините и министерствата немаат пишани интерни правила за вработување адвокати, со оглед на тоа што набавката на услуги од адвокати е изземена од законот за јавни набавки.

Меѓу одговорите на општините има различни објаснувања за начинот на избор на адвокат и тоа: врз основа на нивниот углед и искуство во однос на природата на предметите; лесно достапни за општината, кои имаат канцеларија во истата општина; со непосреден договор; по слободен избор; избор на претседавач.

Само општините и Градот Скопје лани потрошиле 67 милиони денари за адвокатски хонорари. Една четвртина од општините плаќаат месечен надоместок на адвокат. Поединечно најмногу пари му биле исплатени на адвокатот Влатко Ристовски на кого само во 2023 година општина Гази Баба му исплатила повеќе од шест милиони денари, покажуваат податоците од истражувањето на центарот за граѓански комуникации.