Општините побараа 200 милиони евра, Министерството за локална самоуправа ќе одвои само 100 милиони евра
И покрај тоа што Министерството за локална самоуправа ќе издвои 100 милиони евра за финансирање инфраструктурни проекти, општините аплицирале со проекти во вкупна вредност од околу 200 милиони евра. Дури, според податоците што ги објави Алсат, само Град Скопје, кој води на листата и по сума на пари и по број на проекти, сам бара околу 102 милиони евра, повеќе од целиот повик на министерството.
Општина Тетово, која иако аплицираше со само 3 проекти, добива цифра од над 6 милиони евра. Потоа следува општина Битола која бара 4,5 милиони евра за 16 проекти, Куманово со 3 проекти за 4 милиони евра, додека Чаири со 7 проекти за 3,8 милиони евра.
На јавниот повик се пријавиле 80 општини, но нивните проекти се со скромни суми, што може да се види од оваа табела.
Освен Теарца, која не се пријавила поради ненавремено доставување документи, општина Жерновци барала само 90 илјади евра за 2 проекти, Љозово за 3 проекти 100 илјади евра, додека Вевчани за 3 проекти 110 илјади евра. На списокот се и општините Маврово-Ростуше, Конче и Новаци, кои бараат 120 илјади евра за 3 проекти.
Генерално, општините со албанско мнозинство бараат вкупно околу 26 милиони евра за нивните 70 проекти.
Тетово, како што може да се види, води на листата по сума на пари што ја бара за реализација на проектите, а зад неа е Чаири. Следува Гостивари за кој се потребни околу 2,8 милиони евра за 15 проекти, додека Сарај за 2 проекти 2,4 милиони евра. Струга за 1 проект бара 2,2 милиони евра, Кичево за 7 проекти 1,9 милиони евра. Списокот продолжува со Врапчишти за кој се потребни 1,3 милиони евра за 5 проекти, додека Липково околу 1 милион евра за 3 проекти.
Дебар, Желино, Студеничани и Боговина бараат помалку од 1 милион евра за проектите за кои аплицирале.
За карактерот на проектите, Алсат информира дека најголем дел се за патишта, канализација и водовод – главните проблеми на граѓаните. Само Град Скопје со свои проекти излезе од карактерот на повикот на Министерството за инфраструктурни проекти, барајќи еколошки автобуси.