Надминат е проблемот со препишување дози на нови лекови од позитивната листа. На ова минатата недела реагираа матичните лекари кои добија допис од фондот дека може да се препишат и други дози, а не само една, како што беше првично наведено.
„Во пракса не е така, бидејќи аптеките се ограничени на давање лекови, само една доза од препишаниот лек ја даваат, а другите не им ги даваат на пациентите. Веројатно се плашат од последиците од буџетот во нивните аптеки, мислат дека нема да ги прифатат тие рецепти. Се обидовме да им препишеме и други дози на нашите пациенти, но тие сепак не ги даваа во аптека“, изјави матичниот лекар, Анкица Станоевска.
Дури и новите лекови од позитивната листа остануваат врзани за потписот на специјалист. Само два лека од позитивната листа може да препише матичната лекарка, остатокот го носи Фондот.
„Најголемите потешкотии најчесто се во лековите кои вообичаено ги препишуваме, на пр. мора да правиме кардиоваскуларна превенција, конкретно лекот триглид, фенофибрат, кој често го препишуваме за пациентот кај нас да направи крвна слика и да видиме зголемени триглицериди, па го упатуваме на интернист“, – нагласи Анкица Станоевска.
Доколку општите лекари би можеле да препишат хронична терапија, би имало помала конфузија и долго чекање пред лекарите специјалисти, а ќе има повеќе термини за прегледи.