Општ хаос на Мундобаскет! Лука Дончиќ преживеа драмата поради балистичките ракети истрелани од Северна Кореја: Многу се исплашив
Непроспиената ноќ е веќе минато за словенечката кошаркарска репрезентација.
Лука Дончиќ рече дека тимовите стационирани на Окинава биле разбудени со итна тревога за евакуација, бидејќи Северна Кореја истрелала две балистички ракети.
Локалното население на Окинава, островот кој е најјужната и најзападната префектура на Јапонија, побара засолниште од можни катастрофи.
На крајот, јапонската влада објави дека областа е безбедна.
„Сè е супер, освен што не спиев првата ноќ поради алармот. Беше лудо, само видов дека доаѓа некаков проектил, се исплашив“, изјави Лука Дончиќ на првата прес-конференција по пристигнувањето. во Окинава.
Словенците ќе се натпреваруваат во група заедно со Грузија, Венецуела и Зеленортските Острови.