ОРБАН ЗА ИСХОДОТ ОД ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: На ЕУ и треба план Б!

Орбан за исходот од војната во Украина, Русија ќе победи, нема да има политички промени во Москва. Западот згреши, го глобализира конфликтот наместо да го локализира, на ЕУ и треба план Б.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека САД и ЕУ треба да ја прифатат реалноста и да излезат со „план Б“ бидејќи Русија нема да загуби.

Орбан рече дека стратегијата на САД и ЕУ за финансирање на војната во Украина, со надеж дека малата загуба на бојното поле ќе доведе до промена на власта во Москва, е залудна.

– Наместо да се обиде да го локализира конфликтот, Западот реши да го ескалира, правејќи го глобален – рече Орбан на настанот по повод одбележувањето на 90-годишнината од швајцарскиот конзервативен неделник „Велтвохе“ во Цирих.

Орбан ја опиша стратегијата на Западот и ЕУ како „ ние финансираме, а Украинците се борат и умираат“ .

– Сепак, каде што сме сега, очигледно е дека Украинците нема да победат на првата линија – рече тој.

Орбан истакна дека нема решение на бојното поле и дека Русите нема да загубат.

– Нема да има политички промени во Москва. Ова е реалност – изјави Орбан.

Според него, Западот треба да се соочи со реалноста и да излезе со „план Б“, кој ЕУ во моментов го нема.

Според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Киев претрпел „колосални“ загуби на фронтот, со најмалку 13.700 жртви само овој месец заедно со уништени 1.800 тенкови и друго тешко оружје.

Според руските проценки, Киев изгубил повеќе од 100.000 војници од почетокот на неуспешната контраофанзива на почетокот на јуни емитува „Раша тудеј“.