– Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на форум во Кина, соопшти портпаролот на унгарската влада.
Унгарскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) објави дека лидерите разговарале за билатералната соработка во однос на транспортот на природен гас и нафта, како и за нуклеарната енергија.
Орбан е првиот лидер на земја-членка на Европската унија (ЕУ) што се сретна со Путин откако Меѓународниот кривичен суд издаде меѓународна потерница за Путин оваа година за воени злосторства и војната во Украина.
Како што е наведено, унгарскиот лидер, кој одржуваше блиски односи со Путин, му порача на рускиот претседател дека е клучно за цела Европа да се спречат протокот на бегалци, санкциите и борбените операции.