Орбан: Нашиот херој Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, на отворањето на Конференцијата за политичка акција на Конзервативците (CPAC) во Будимпешта, го пофали премиерот Христијан Мицкоски и неговото лидерство во заштитата на европската граница од нелегални имигранти.

„Нашиот македонски херој, Христијан Мицкоски, победи на изборите иако целиот Брисел го поддржуваше неговиот противник.

Тој е чувар на тврдина што ја штити јужната граница на Европа од имиграција. „Да живее Македонија“, изјави премиерот Орбан на отворањето на големата конференција на европските и американските конзервативци во унгарската престолнина.

Пред говорот на Орбан, беше емитувана ексклузивна видео порака од претседателот Доналд Трамп.