Орбан повторно против Украина: Унгарскиот премиер беше единствениот на Европскиот совет кој не гласаше за заклучоци за поддршка на Киев

Европскиот совет денеска повторно ги усвои заклучоците за непоколеблива поддршка за Украина, кои беа поддржани од 26 лидери, освен унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Заклучоците за Украина беа усвоени на ниво на 26 лидери, користејќи ја истата формула како и на минатиот Европски совет – рече претставникот на ЕУ.

На претходниот состанок на Европскиот совет, лидерите на ЕУ ги усвоија и заклучоците за Украина без Унгарија, откако премиерот на таа земја Виктор Орбан не потпиша изјава за воена и финансиска поддршка на Украина и зголемен притисок врз Русија.

Унгарија претходно посочи дека и овојпат нема да ги поддржи заклучоците за Украина.

Според претставник на ЕУ, лидерите разговарале за ситуацијата на теренот во Украина и за состојбата во преговорите предводени од САД.

x AP Geert Vanden Wijngaert.jpg

– Имаше заедничко мислење дека во овој момент не се водат вистински преговори – рече функционерот, додавајќи дека лидерите размениле мислења за најдобрите начини да се влијае на процесот.

Тој додаде дека постои силен договор меѓу 26-те лидери на ЕУ за потребата да се продолжи со политички и воено поддршка на Украина.

Тој додаде дека многу лидери ја истакнале и потребата од забрзување на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ.

Дебатата за Украина траеше околу два часа, а претходно на лидерите на ЕУ од Норвешка преку видео врска им се обрати украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ги информираше за најновите случувања на теренот, неговите последни контакти со американската администрација и следните чекори кон „проверлив прекин на огнот и преговори за мировен договор“.

Претходно, лидерите на ЕУ разговараа со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, а по разговорот за Украина, предвидено е да имаат работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на кој ќе разговараат за мултилатерализмот, океанскиот пакт и други глобални прашања.