Азија ќе стане доминантен центар на светот, БРИКС и Шангајската организација за соработка (ШСО) ќе послужат како институционална основа на новиот светски поредок, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на својот говор во романскиот град Баиле Тушнад.
– Она со што сега се соочуваме е промена на светскиот систем. Ова е процес кој започнува од Азија – рече Орбан.
Во наредните децении, а можеби и векови, „доминантен центар на светот ќе биде Азија: Кина, Индија, Пакистан, Индонезија“, посочи тој.
Орбан го нарече овој процес неизбежен бидејќи Азија веќе има „демографска, технолошка и капитална предност“.
Групата БРИКС е основана во 2009 година и првично се состоеше од Бразил, Русија, Индија и Кина, а Јужна Африка и се приклучи во 2011 година.
Египет, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Етиопија официјално станаа полноправни членки на 1 јануари 2024 година.